/style/images/back.png

Профил на компанијата

Кроациа Осигурување - Живот АД Скопје започна со работа деловната 2005 година.

  • Прва компанија во Република Македонија со добиена дозвола од Министерство за Финансии за продажба на полиси за животно осигурување;
  • Оснивачкиот капитал на компанијата изнесува 3.000.000 €;
  • Математичката резерва која компанијата ја одделува секоја година изнесува над 4.352.780,79 €;
  • Референтната листа вклучува 30 од најдобрите 200 компании во земјата;
  • Осигурително покритие Друштвото има обезбедено во CROATIA LLOYD – Zagreb

 

Целокупниот пакет акции (100%) го поседува Croatia Osiguranje d.d. Zagreb. Компанијата е ISO 9001:2000 сертифицирана и претставува еден од лидерите на пазарот на животно осигурување во Југо-Источна Европа.

  • ВИЗИЈА

Наша визија е да останеме лидер на осигурителниот пазар со квалитетот на производите кои ги нудиме, со непрекинато подобрување на постојните и развој на нови;

  • МИСИЈА

Со традицијата и довербата која ја градиме од 1884 година и комплетниот кадар им нудиме сигурност на Осигурениците и нивните најблиски;

  • СТРАТЕГИЈА

 

Во секој сегмент од работењето сакаме да постигнеме задоволство на нашите осигуреници, бидејќи сме свесни за обврските кои ги имаме како ЛИДЕР во осигурувањето! Трајно ја подобруваме организацијата воведувајќи технолошки иновации, развој на знаење, вештини и висок квалитет на сите програми за осигурување кои ги нудиме.