- ●КОКО - ДЕТСКО ШТЕДНО ОСИГУРУВАЊЕ
- ●Кроациа Осигурување – Живот дел од Глобалната недела на претприемништвото и Startup Weekend
- ●ОД ПРВА ПЛАТА ДО ПЕНЗИЈА
- ●ПОДАРЕТЕ НАСМЕВКА
- ●Станете дел од успешниот тим на Кроациа Осигурување - Живот
- ●ЗАПОЧНЕТЕ ЈА ВАШАТА КАРИЕРА ВО Кроациа Осигурување – Живот А.Д.
- ●Зошто Ви е потребно осигурување на живот?
- ●Припишана добивка за 2010
Индивидуално осигурување на живот
Осигурувањето на живот е долгорочно решение, кое нуди комбинација на најбезбеден облик на штедење, сигурност како и осигурување, и е целосно приспособливо на индивидуалните потреби на клиентите. Она што е особено интересно кај осигурувањето на живот е тоа што сами одлучувате колку сакате да штедите, односно сами ја креирате осигурената сума. Животното Осигурување е речиси задолжително за членот на семејството со највисоки месечни примања, членот од кого финансиски зависат останатите членови на семејството. Поседување на полиса за осигурување на животот овозможува заштита на најблиските и мирна совест поради сознанието дека семејството ќе има финансиска сигурност во случај на смрт на осигуреникот. Всушност, основна цел на осигурувањето е дека за можните непосакувани настани секогаш треба да се размислува однапред, односно да се размислува превентивно. Она што го прави Животното осигурување уште по интересно е неговата штедна компонента. Животното осигурување е еден вид на инвестиција во сигурна економска иднина. Доколку досега не сте размислуваме за Осигурување на Живот, сега е вистински момент да го направите тоа, а ние ќе Ви откриеме само дел од неговите бенефити и придобивки:
- Средствата кои ги вложувате се повратни по истекот на осигурувањето
- На средствата кои континуирано ги вложувате им се припишува добивка
- Создавате капитал за времето кога приходите ќе Ви се намалат, особено по заминивањето во пензија
- Можност за одобрување на заем од страна на Кроациа Осигурување – Живот АД
- Полисата за осигурување на живот е хартија од вредност која може да се винкулира во корист на осигурувачот или банка, или да се даде како залог на доверител
- Го заштитувате своето семејство во случај да го изгубат главниот финансиски извор
Карактеристики:
- Минимална годишна премија (влог) 180 Евра
- Се прифаќаат лица од 14 до 65 години
*Oсигурувањето на живот треба да заврши на 75 годишна возраст. - Можност за избор на динамика на плаќање
*месечно, квартално, полугодишно, годишно, еднократно. - Можност за избор на начин на уплата
*уплатница, траен налог, задршка од плата, вирман, во нашата дирекција. - Траење на осигурувањето - 10 до 25 години.
Корисници:
*корисник за доживување и корисник во случај на смрт.



