/style/images/back.png

Кроациа РЕНТА

http://cro.cfd.mk/proizvodi/vest/proizvodi2-vest.jpg

Рентното осигурување во светот има долга традиција, првенствено затоа што овозможува значајна социјална сигурност на осигуреникот и неговото семејство за иднината.

 Новите и постојните осигуреници имаат ексклузивна можност по истек на осигурувањето на живот или со нова еднократна уплата на премија да договорат еден од облиците на “Кроациа Рента“.

  • Доживотна Рента
    Осигурувањето со лична доживотна рента овозможува со уплата на помал износ на премија низ подолг временски период осигуреникот да оствари приход за подоцнежните години. Висината на доживотната рента ја одредува самиот договорувач, а истата зависи од  пристапната старост на договорувачот, висината на премијата која е во можност да ја плаќа и траењето.

Карактеристики:

  • Минимална годишна премија 180 Евра
  • Видови пензиска рента – одложена и неодложена
  • Пристапна старост на осигуреници
    * лица од 18 до 70 години старост - неодложена рента
    * лица oд 14 дo 65 години старост - одложена рента
  • Динамика на плаќање: месечно, годишно и еднократно
  • Траење на уплатата: од 5 до 30 години/ еднократно

 

  • Стипендиска Рента
    Наменета за потенцијални и постојни осигуреници кои се обидуваат да обезбедат квалитетна едукација на своите деца, сопствено стручно усовршување или обезбедување на постојан приход за одреден временски период. Обично исплатите на овие ренти се одредени за времетраењето на студирање на осигуреникот, од негова 18 до 24 годишна возраст. Износот на стипендиската рента зависи од желбата на договорувачот и неговите финансиски можности. Според саканиот износ на месечна рента, зависно од годините на живот на осигурениукот, траење на уплата на премија како и траење на исплата на рента, ќе се одреди колку е потребно да се плаќа премија.

 

Карактеристики:

  • Минимална годишна премија 180 Евра
  • Видови пензиска рента – одложена и неодложена
  • Пристапна старост на осигуреници
    * лица од 14 дo 55 години – неодложена рента
    * лица oд 1 дo 21 години старост- одложена рента
  • Динамика на плаќање:  месечно, годишно и еднократно
  • Траење на уплатата: од 5 до 22 години/ еднократно