Дарувајте му на Вашето дете сигурна иднина

Објавено на: 24.09.2011


 

„Кроациа Осигурување – Живот“ продолжува со своите активности во насока на сé поголема едуцираност на граѓаните за Животното осигурување и подигање на свеста за потребата од штедење.

Со проектот  „Дарувајте му на Вашето дете сигурна иднина“ уште еднаш докажуваме дека сме компанија која се труди на најмалите да им подари среќно и безгрижно детство и уште посреќна иднина. Целта на овој проект е да допреме до сите родители, да ги запознаеме со карактеристиките на Детското Штедно Осигурување со надеж дека ќе ги поттикнеме да размислуваат за штедење.

Во наредниот период  ведриот тим на Кроациа ќе можете да го сретнете речиси секаде. Во детските градинки, основните училишта,  Луна паркот или Зоолошката Градина ...ќе бидеме таму - каде ќе можеме да се дружиме со Вашите најмили.  Ќе им понудиме одлична забава. Бесплатно фотографирање со нивните херои од Дизниленд, бесплатно ќе им поделиме балончиња, а Вас бесплатно ќе Ве информираме со карактеристиките и бенефитите на Детското Штедно Осигурување. Ќе Ви понудиме ексклузивна можност да го осигурате Вашето дете и притоа да заштедите за неговата иднина, а за секоја склучена полиса „Кроациа Осигурување – Живот“  ќе Ве награди со поклон бон. Но, и тоа не е се!

Дополнително изненадување е наградната игра „Најсреќно дете“. Децата кои во рамките на овој проект ќе станат наши Осигуреници стануваат потенцијален добитник на наградно патување во Дизниленд.

За сите дополнителни информации поврзани со овој проект или со Детското Штедно Осигурување Ве охрабруваме да не контактирате!