My CRO Account

Објавено на: 07.06.2011


Во насока на постојана надоградба на нашата „Грижа за корисници“ воведовме апликација која ќе го олесни протоколот на информации до нашите Корисници. Уште еднаш докажуваме дека иновацијата е наша стратешка определба.

До „My CRO Account“ апликацијата можете да пристапите преку интернет страната app.cro.mk  и со Ваше регистрирање на истата, од удобноста на Вашите домови можете да дојдете до сите за Вас неопходни информации.
„My CRO Account“  апликацијата за нашите Осигуреници овозможува следење на:

  • Доспеаност на рати
  • Дата и износ на извршени уплати
  • Вкупно уплатени средства
  • Анализа на припишана добивка
  • Извештај на вложувањата на средствата од капиталот и резервите на Кроациа Осигурување – Живот  

На овој начин постојано ќе бидете во тек со состојбата на Вашата полиса и Вашиот статус како наш Осигуреник.
За нашите Застапници преку „My CRO Account“ апликацијата овозможуваме следење на:

  • Личните остварувања
  • Остварувања на соработниците во структурата
  • Прегледи за провизија
  • Состојба на полиси во однос на платена премија

 
Олеснете си го начинот преку кој доаѓате до информации и регистрирајте се на „My CRO Account“ апликацијата!