6 ГОДИНИ УСПЕШНОСТ

Објавено на: 20.12.2011


 

Кроациа Осигурување – Живот АД прослави 6 години успешно работење на македонскиот осигурителен пазар.

На 17.12.2011 година во скопскиот реномиран ресторан “Воденица“, во присуство на видни гости, од земјата и странство беше одбележана 6 годишнината од постоењето на компанијата.

Меѓу присутните беа претставници на Амбасадата на Р. Хрватска во Македонија, Агенцијата за супервизија во осигурувањето, реномирани банки и компании во Р. Македонија, наши долгогодишни лојални осигуреници, деловни партнери, соработници, пријатели и колеги.

Свое обраќање пред присутните гости најпрво имаше Генералниот Извршен Директор, Г-дин Владимир Поповски кој ги потенцираше основните вредности и принципи на кои се должи успехот на компанијата. Потоа свое обраќање имаше Директорката на секторот за планирање, развој и продажба на животни осигурувања, Г-ѓа Вилма Учета Дузлевска објавувајќи ги добитниците на престижните награди.  Најпрво ги објави најуспешните за 2011 година и тоа: Проф. Д-р Жарко Костовски беше награден со мини Notebook компјутер и му беше врачена благодарница за менторство и подучување. За најуспешен застапник беше прогласен Г-динот Трајче Стамков кој беше награден со петдневно патување во Париз. 

Најсреќниот меѓу редовните плаќачи, избран преку системско извлекување со зададени критериуми за континуирана редовност во плаќањето, беше награден со седумдневно патување во Банско во хотелот Кемпински. Оваа година среќата и се насмевна на г-ѓа Матиќ Јулија. Најсреќното дете за 2011 година кое заедно со целото семејство ќе отпатува на петдневно патување во Дизниленд е малата Дина Хасиќ.

Оваа година компанијата меѓу номинациите за Најдобар воведе и  избор на свој најдобар вработен и одлучи да го нагрдаи со шестдневно патување во Банско. Иако беше неблагодарно да се одвои поединец од компетентниот и лојален тим на Кроациа Осигурување – Живот, сепак оваа година како најдобар вработен се издвои Г-ѓата Татјана Трпковска.

Со многу позитивна енергија, насмевки и наздравувања дадовме ветување дека во годините кои доаѓаат ќе вложиме повеќе труд, знаење, енергија и ќе имаме многу повеќе причини за радост.

                               

 

                 кликнете на сликата за да ја погледнете галеријата „6 ГОДИНИ УСПЕШНОСТ“