Пријави штета

Почитувани,

Во Кроациа осигурување - Живот АД Скопје се стремиме процесот на пријавување и обработка на штетите да биде едноставен, брз и достапен за сите наши осигуреници.

Штетата можете да ја пријавите на еден од следните начини:

1Електронски

Преземете го и пополнете го соодветниот формулар за пријава на штета, а потоа испратете го заедно со потребната документација на: steti@cro.mk

*Овој начин на пријава не важи за барање за откуп на полиса

2По пошта

Пополнетиот формулар за пријава на штета, заедно со целокупната потребна документација, можете да го испратите на следната адреса:

Кроациа осигурување - Живот АД Скопје
ул. Железничка бр. 41
1000 Скопје

*Овој начин на пријава не важи за барање за откуп на полиса

3Лично

Пополнетиот формулар за пријава на штета, заедно со потребната документација, можете лично да ја доставите во Дирекцијата на Кроациа осигурување - Живот АД Скопје:

ул. Железничка бр. 41, 1000 Скопје
Важно

Ве молиме внимателно и целосно пополнете ги формуларите за пријава на штети и проверете дали сте ги приложиле сите документи наведени во соодветниот формулар за пријава на штета. Комплетната документација овозможува побрза и поефикасна обработка на Вашето барање.

Доколку имате прашања или Ви се потребни дополнителни информации, можете да нè контактирате преку оваа контакт-форма, преку мејл на steti@cro.mk, или на телефонските броеви: 070/288-042 или 078/361-669

Нашиот тим ќе Ви биде на располагање и ќе Ви одговори во најкраток можен рок.

Ви благодариме за довербата.

Со испраќање на Вашите лични податоци, потврдувате дека сте согласни истите да се обработуваат од страна на КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ АД - Друштво за осигурување на живот Скопје со цел прием, разгледување и постапување по Вашето барање. За повеќе информации во однос на начинот на обработка и заштита на личните податоци погледнете ја нашата Политика за приватност.