Придружете се на нашиот професионален тим
Во Кроациа Осигурување – Живот веруваме дека успехот на компанијата го создаваат луѓето.
Затоа градиме тим од стручни, мотивирани и креативни професионалци, подготвени да учат, да се развиваат и заедно да создаваат нови успеси.
Место каде што можете да растете
Континуирано инвестираме во знаењето и развојот на нашите вработени преку обуки, семинари, конференции и професионални тренинзи.
Создаваме работна средина во која ги поттикнуваме:
Тимската работа · Професионалниот развој · Кариерниот напредок · Новите идеи · Личната иницијатива
Станете дел од нашиот тим

Доколку сакате да ја градите својата кариера со нас, испратете ни го Вашето CV на kariera@cro.mk, со наведена позиција или област во која сте заинтересирани да работите.
Доколку аплицирате на конкретен оглас, наведете го работното место во насловот на пораката.
Вашата апликација е целосно доверлива. Доколку Вашето образование, искуство и квалификации одговараат на нашите потреби, нашиот тим ќе Ве контактира за разговор.
Со испраќањето на апликацијата се согласувате Вашите лични податоци да бидат обработувани за потребите на процесот на регрутација, сè до повлекување на Вашата согласност.