Во рамки на кампањата за „Култура на животно осигурување“, успешно одржавме презентација на Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје пред деканите и професорите на Универзитетот.
Разговаравме за значењето на животното осигурување како важен дел од финансиската сигурност, заштитата на семејството и одговорното планирање на иднината.
Веруваме дека преку знаење, отворен дијалог и едукација можеме да придонесеме кон градење на поголема свест за вредноста на животното осигурување.
Им благодариме на раководството, деканите и професорите за интересот, довербата и активното учество.