За иднина во која можностите растат со нив.
Осигурување, штедење и инвестирање за сигурна финансиска иднина на Вашето дете.
Финансиска основа која расте заедно со Вашето дете
Секој родител сака да создаде сигурна финансиска основа за иднината на своето дете. КОКО ИНВЕСТ комбинира животно осигурување, долгорочно штедење и можност за инвестирање.
Дел од средствата може да се насочи во избран инвестициски фонд, со што покрај осигурителната заштита и штедењето добивате можност средствата да создаваат дополнителна вредност во текот на времето.
Придобивки
Детето е единствен корисник
Средствата се наменети за иднината и потребите на Вашето дете.
Инвестирање според Вашите потреби
Можност за вклучување инвестициски фонд во распон од 20% до 80%.
Избор на инвестициски фонд
Клиентот избира фонд од четири инвестициски друштва.
Заштита без граници
Временски и просторно неограничено осигурување.
Дополнителна заштита
Можност за вклучување дополнителни осигурувања од незгода и операции.
Тројна финансиска корист
Осигурителна заштита, долгорочно штедење и инвестициски потенцијал.
Карактеристики
Изберете динамика на плаќање
Ексклузивни бенефиции
Награда за одличен успех
За постигнат одличен успех во средното образование, осигурената сума за исплата се зголемува за 3%.
Двојна заштита
Во случај на смрт на двајцата родители во ист несреќен случај, се исплаќа двојна осигурена сума согласно условите на осигурувањето.
Сигурност за детето
Во случај на смрт на договорувачот, се обезбедува исплата на договорената осигурена сума согласно условите на полисата.
Инвестиција приспособена на Вашите планови
Според Вашите потреби, дел од средствата може да се насочи во избран инвестициски фонд.
Флексибилна распределба
Според Вашите потреби се определува процентот на средства што се насочува во инвестициски фонд.
Инвестициски друштва
Избирате фонд од четири инвестициски друштва согласно Вашите финансиски цели.
Инвестицијата расте заедно со Вашето дете
Денес се мали нивните чекори, но утре пред нив ќе бидат големи животни одлуки.
Образование, патувања, прв автомобил, сопствен дом или нови можности – со КОКО ИНВЕСТ создавате финансиска основа која може да ги следи нивните амбиции.
Денес инвестирате во нивните утрешни можности.
Со КОКО ИНВЕСТ создавате комбинација од сигурност, штедење и инвестициски потенцијал за иднината на Вашето дете.

