Придружете ни се на нас и на нашиот професионален тим

Кроациа Осигурување Живот е компанија која што секојдневно вложува во развојот на своите вработени, знаејќи дека самите тие претставуваат најзначајните ресурси.

Со организирање на многу обуки, дообуки, семинари, конференции, тренинзи се развиваат вештините на нашите вработени кои се подготвени за нови предизвици и ориентирани кон остварување на поставените задачи.

Доколку сте заинтересирани за кариера во Кроациа Осигурување Живот, испратете ја вашата куса биографија - CV, каде што ќе ја назначите работната позиција за која аплицирате, односно областа во која би сакале да работите на следниот e-mail: contact@cro.mk. Доколку конкурирате за конкретен оглас, тогаш назначете во предметот за кое работно место се пријавувате.

Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на Кроациа Осигурување Живот АД Скопје - Друштво за осигурување на живот, сè додека не нè контактирате за да ја повлечете вашата согласност.

Доколку Вашите квалификации одговараат на нашите потреби, ќе Ви се обратиме за да Ве повикаме на разговор.

Архивирани огласи