Croatia osiguranje

Политика за приватност

                                             ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА

                             КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ - ЖИВОТ АД СКОПЈЕ

 

Грижата за клиентите, од аспект на заштита на нивната приватност, претставува приоритет во работењето на КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ АД - Друштво за осигурување на живот Скопје (во натамошниот текст – Кроациа).

Политиката за приватност на Кроациа дава објаснување за видовите на податоци кои може да ги собереме и задржиме при посета на нашата веб-страница, и/или доколку користите од производите кои Друштвото ги нуди, како и на кој начин се користат тие податоци и со кого се споделуваат. Исто така, Политиката дава информации за начинот на кој може да нè контактирате доколку имате прашања или сте загрижени за Вашите податоци.

Оваа Политика е во согласност со законските прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија и интерните акти на Друштвото за регулирање на оваа област. 

Контролор на збирка на лични податоци 

Контролор на личните податоци е КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ АД - Друштво за осигурување на живот Скопје, со седиште на ул.: Костурски херои бр.38, Скопје, ЕДБ 4030004526504 и ЕМБС 5920922. 

Обработката на личните податоци се врши во согласност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци. 

Собирање и обработка на Вашите лични податоци 

Собирањето на личните податоци се врши во согласност со законските правила и прописи на неколку начини, и тоа: 

-       Усно - со јавување на контакт-телефоните;

-       Писмено (преку достава на документи и давање на информации лично);

-       Преку пошта или е-пошта;

-       Преку користење на нашата веб-страница. 

При посета на веб-страницата на Друштвото, во одредени случаи се запишуваат информации во форма на „Cookies“ на Вашиот компјутер.

„Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат во комјутерот на посетителот од веб- страницата на веб-серверот. Сите информации поврзани со користење на колачиња „Cookies“ подетално можете да ги добиете од „Политиката за колачиња“, на следниот линк

Друштвото не собира лични податоци за корисниците на веб-страница, освен доколку доброволно, со Ваша согласност, ги дадете преку:

-           Регистрирање на my cro account апликацијата, наменета за постоечки осигуреници и агенти за продажба на осигурување;

-          1 клик до осигурување – добивање на понуди за склучување на договори за осигурување живот;

-          Станете наш застапник;

-          Пријави штета;

-          Прашања и одговори;

-          Формулар за поплаки;

-          Ажурирање на контакт-податоци;

-          Oнлајн-наплата на полиси. 

Притоа, на овој начин, преку нашата веб-страница можеме да собереме некои од следните категории на лични податоци: име и презиме, контакт-телефон, е-адреса, адреса на живеење. 

Цели за кои се користат собраните лични податоци и давање на податоци 

Собраните податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за да ја обезбедиме бараната услуга, како што е:

-          Достава на понуда за осигурување живот;

-          Достава на информација за потребна документација за пријавување на штета;

-          Помош при појава на проблем и давање на потребните информации;

-          Помош при остварување на права од полисата за осигурување, согласно закон;

-          Ажурирање на контакт-податоци;

-          Oнлајн-наплата на полиси. 

Давањето лични податоци е договорна обврска и услов кој е потребен за склучување на договор за осигурување, при што договарачот на осигурување има обврска да ги даде личните податоци. Можните последици, ако овие податоци не бидат дадени, е да не се склучи договор, или да се склучи договор кој е понеповолен за клиентот, или пак да има негативни последици по клиентот кои произлегуваат од непријавување на околности кои се битни за проценка на ризикот, што можат да вклучат раскинување на постоечки договор, зголемување на премија, нецелосна исплата на надомест или осигурана сума, членови 963-966 и 1000 од Закон за облигационите односи, или одложување на исплатата на надомест или осигурана сума додека не се добијат сите потребни податоци (член 975).  

При вршење на онлајн-наплата на полиси на нашата веб-страница серверот креира логови за успешна или неуспешна трансакција. Трансакцијата при наплаќање на премијата е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на банка со која Кроациа има склучено договор (виртуелен ПОС терминал). Кроациа нема пристап до податоците во врска во Вашата платежна картичка или сметка во банка, бидејќи тие директно се испраќаат до платежниот процесор на банката преку сигурносна врска помеѓу клиентот и банката, која собирањето, чувањето и обработката на личните податоци на клиентите ги врши согласно законските прописи за заштита на личните податоци. За подетални информации по однос на онлајн-плаќање кликнете тука.

Начин на обработка на лични податоци и рок на чување на податоците 

При обработка на лични податоци од збирките на податоци на Друштвото се применуваат принципите за заштита на приватноста на секој субјект и на неговите лични податоци пропишани во Законот за заштита на личните податоци.

При креирање на збирките на личните податоци и обработка на лични податоци од збирките за вршење на својата дејност, Кроациа се води од следните принципи:

-          Личните податоци се обработуваат согласно закон, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на субјектот на личните податоци („законитост, правичност и транспарентност“),

-          Собираат за конкретни, јасни и легитимни цели и нема да се обработуваат на начин што не е во согласност со тие цели („ограничување на целите“),

-          Соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите заради кои се обработуваат („минимален обем на податоци“),

-          Точни и каде што е потребно ажурирани, при што се преземаат сите соодветни мерки за навремено бришење или коригирање на податоците што се неточни или нецелосни, имајќи ги предвид целите заради кои биле обработени („точност“),

-          Чувани во форма која овозможува идентификација на субјектите на личните податоци, не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат личните податоци („ограничување на рокот на чување“),

-          Обработени на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки („интегритет и доверливост“). 

Личните податоци во Кроациа се чуваат во рокови предвидени во прописите кои го регулираат застарувањето на побарувањата по основ на договори за осигурување на живот, прописите за спречување перење пари, прописите за архивско работење и интерните акти на Кроациа од горенаведените области. Заради тоа, роковите на чување се релативно долги, односно не се пократки од 10 години од завршувањето на деловниот однос со Кроациа.   

Споделување на информации со трети страни 

Кроациа не ги открива Вашите лични податоци на трети лица без Ваша претходна согласност, освен во случаи определени со закон. За појаснување, обработувачи на лични податоци кои се ангажирани од страна на Кроациа и работат во име и за сметка на Кроациа не се сметаат за трети лица (на пр.: лекари цензори, здравствени установи и сл.). 

Меѓународни трансфери на Вашите лични податоци и информации 

Согласно законските правила и прописи, а врз основа на согласност за користење на производите кои Кроациа ги нуди, Вашите лични податоци и информации не се пренесуваат во трети земји и меѓународни организации, освен доколку не добиеме согласност од Вас и се исполнети други услови согласно закон. За појаснување, под „трети земји“ се подразбираат земји кои не се во Европската економска зона (ЕЕЗ) или Европската Унија (ЕУ), а под меѓународни организации не се подразбираат некои од органите, телата или институциите основани од ЕУ.  

Рекламни комуникации 

При склучување на договор за осигурување живот Ви се нуди можност да изберете дали сакате да добивате разни известувања и останата комуникација преку различни канали: пошта, e-пошта, телефон и/или текстуални пораки од Друштвото. Овие известувања можат да содржат, на пример, податоци за најновите производи и услуги на Друштвото

Добивањето на ваков вид информации и известувања може да го откажете во секое време, доколку поднесете писмена изјава до Друштвото

Повремено може да доставуваме важни информации во врска со производите и услугите на Друштвото кои ги користите. Овие известувања не спаѓаат во рекламни комуникации. 

Заштита на Вашите информации 

Кроациа Осигурување - Живот АД Скопје ги презема сите пропишани технички и организациски мерки за заштита на личните податоци, во насока на спречување наовластен пристап и нивна злоупотреба.

Ние ги преземаме сите чекори за целосна заштита на личните податоци кои ги добиваме од страна на корисниците при користење на оваа интернет-страница, но конектирањето на нашата интернет-страница и самиот интернет-сообраќај не може да биде заштитен со 100-процентна сигурност од наша страна. Иако ги преземаме сите мерки за сигурност и безбедност на личните податоци, Кроациа не може да гарантира апсолутна сигурност во самиот интернет-сообраќај.

Нашите процедури се предмет на редовни внатрешни и надворешни контроли и технолошки подобрувања во оваа област.

Сепак, Кроациа не презема одговорност доколку сигурноста и доверливоста на комуникациите е нарушена од неовластен упад од страна на трето лице, злонамерни компјутерски кодови или поради непреземање на соодветни мерки за заштита од страна на корисникот. 

Право на увид во обработката на Вашите лични податоци 

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се: 

  • Право да бидете информирани за обработката на личните податоци;
  • Право на пристап до личните податоци;
  • Право на исправка и бришење на личните податоци;
  • Право на ограничување на обработката на личните податоци;
  • Право на приговор;
  • Право на преносливост на податоците;
  • Право за повлекување на согласноста во секое време, без да се влијае на законитоста на обработката која била заснована на согласноста пред истата да биде повлечена (се однесува само на обработка на лични податоци за која нема законска обврска или основа за понатамошно чување на податоци);
  • Право на поднесување барање до Агенцијата, согласно со Законот за заштита на личните податоци. 

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на личните податоци, доколку сакате да направите дополна, пренос, измена, бришење или ажурирање на Вашите лични податоци, како и доколку сметате дека при обработка на Вашите лични податоци Кроациа Осигурување - Живот не постапила во согласност со позитивните прописи за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци - Стефана Хаџи Спасова, на следниот контакт-телефон:  02 3215 883, лок. 225, или на  e-адресата: s.hadzispasova@cro.mk .
Во Кроациа не постои автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи го и профилирањето, како што е наведено во членот 26 ставови (1) и (4) од Законот за заштита на личните податоци. 

Промена на политиката за приватност 

Политиката на приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на законските правила и прописи и промената на нашите активности. 

Прифаќање на условите 

Со користењето на оваа веб-страница, се согласувате, односно ги прифаќате одредбите во Политиката за приватност на Кроациа Осигурување АД - Друштво за осигурување на живот Скопје.
Доколку не се согласувате со истата, Ве молиме да не ја користите нашата веб-страница. 

Скопје, 16.9.2020 

На линковите подолу поставени се барањата за измена, дополнување, запирање на обработка на лични податоци какои барањето за добивање на информации од личен карактер ( за добивање на информација кои лични податоци ги обработува контролорот). 

-Барање за дополнување, изменување на личните податоци.doc

-Барање запирање на обработката на личните податоци.doc 

-Барање на информации од личен карактер.doc