Croatia osiguranje

Фудбалска вечер со Кроациа Осигурување - Живот

Објавено на: 23/06/2016

По повод денот на Хрватската државност (21.06.2016 год.), а во духот на спортот и фудбалот Кроациа Осигурување - Живот организираше фудбалска вечер за заедничко дружење и страсно навивање. Бројни љубители на фудбалот, соработници, осигуреници и пријатели на Кроациа Осигурување - Живот заеднички го проследија натпреварот на репрезентациите на Хрватска и Шпанија во рамките на Европското Првенство.

Страсната навивачка атмосфера, во кафе барот ABC, Кроациа Осигурување - Живот ја збогати со бројни подароци за посетителите, подарувајќи фудбалски топки, дресови, маици, торби за на плажа итн...  

Возбудливата навивачка атмосфера се освежуваше со гратис пиво за секој посетител - подарок од Кроациа Осигурување.  Видливо беше присуството на навивачи и фанови на двете репрезентации, но сепак на победата и се израдуваа навивачите на хрватската репрезентација.