Croatia osiguranje

Дарко му даде на Коко гол и доби подарок

Објавено на: 03/07/2016

Во рамки на Европското првенство во фудбал и Late Night Shopping акцијата на Скопје Сити Мол, крокодилчето КОКО, заштитниот лик на детското штедно осигурување на Кроациа Осигурување – Живот, во саботата (02.07.2016) ги израдува сите присутни деца во Скопје Сити Мол.

Промотивниот пулт на Кроациа Осигурување – Живот беше местото каде се слушаше само детски жагор и смеа. Крокодилчето Коко мамеше детски насмевки и низ игра, забава и дружење истите ги наградуваше со бројни подароци.

Децата играа фудбал со Коко, а оние кои успеаа да дадат гол Коко ги наградуваше со подарок. Па така, Коко подари многу беонки, сложувалки, фризби за на плажа, а Дарко дома си замина со нов велосипед.

Додека децата се дружеа со Коко и се обидуваа да дадат гол за да добијат подарок, родителите се запознаваа со карактеристиките и предностите на Коко детското штедно осигурување.

Коко детското штедно осигурување претставува единствена можност да ги осигурате своите најмили од ризиците што ги носи детската игра и притоа да заштедите за нивната иднина. КОКО детското штедно осигурување ќе Ви помогне на Вашите најмили да им овозможите среќно и безгрижно детство и уште посреќна иднина.