Croatia osiguranje

250 можности да заштедите за Вашата полиса за животно осигурување

Објавено на: 17/10/2016

Станувајќи наш осигуреник и корисник на полиса за животно осигурување се стекнувате со право  на користење на CROATIA КАРТИЧКАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ која Ви овозможува попуст при посета на ресторани, кафулиња, салони за убавина, фитнес центри, училишта за странски јазици, продавници за детски играчки, стоматолошки ординации, парфимерии, туристички агенции итн.

Кроациа Осигурување - Живот и Вашата картичка за лојалност Ви овозможуваат попуст на повеќе од  250 локации низ цела Македонија. Искористете ги овие 250 МОЖНОСТИ да заштедите за Вашата полиса за животно осигурување. Имајќи го во предвид самиот концепт на  животното осигурување, кое претставува облик на штедење, сигурност и осигурување, CROATIA КАРТИЧКАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ и полисата за животно осигурување можат да Ви обезбедат заштеда и до 20.000,00 евра, а истовремено Ви гарантираат и финансиска сигурност за целото семејство. 

За дополнителни информации испратете СМС со содржина: INTERES - име и презиме на телефонскиот број: 071 345 796,  нашите оператори ќе Ве контактираат.