КОЛКУ СМЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ИНВЕСТИРАМЕ ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ НА НАШЕТО ДЕТЕ?

Објавено на: 13/09/2017

15-ти септември е на прагот, а со тоа и почетокот на новата академска година. Со почетокот на новата академска учебна година речиси 60 илјади студенти ќе го продолжат процесот на свое усовршување. Тука и започнуваат вистинските проблеми на родителите. Се работи за борба меѓу желбата и можностите. Желбата е повеќе од оправдана со оглед на фактот дека образованието и едукацијата се патот кој води кон сигурна и просперитетна иднина. За жал , можностите кај поголемиот број на родители се повеќе од ограничени. 

Секоја година речиси 60 илјади семејства се изложуваат на дополнително кредитно задолжување во насока на обезбедување на потребни средства за инвестиција во високо образование на своето дете. Генерално, трошоците за образование се исклучително високи, посебно доколку се работи за трошоците во високо образование. Дополнителен проблем претставуваат скриените трошоци кој значително ја зголемуваат сумата на една студентска година. 

Анализата која ја направивме, покажува дека во зависност од тоа дали студентот односно студентката студира во државна или приватна квота и дали студира на приватен факултет во државата или студиите ги реализира надвор од нашите граници трошоците можат да се движат од 11.900евра па нагоре. 

Оттука, високите трошоци за високо образование наметнуваат потреба за планирано и постепено штедење. Колку Вие имате заштедено за квалитетно образование на Вашето дете? Дали е неопходно да се задолжуваме и да подигнуваме кредити за да го запишеме нашето дете на факултет? Еден од финансиските инструменти кој дава одговор на овие отворени прашања е Коко детското штедно осигурување. Имено, оваа осигурителна полиса станува се поатрактивна за македонските граѓани, кои се почесто ја препознаваат како начин за инвестирање во сигурна иднина и квалитетно образование на своите деца.

Коко детското штедно осигурување претсавува одлична можност за осигурување на потребните средства за квалитетно образование, но истовремено стимулира одличен успех во средно образование. 


Со склучување на КОКО - полиса на најрана возраст на Вашето дете, испланирајте ги заштедите и исплатите за образование на Вашето дете, на начин прилагоден на образовното патување.