Croatia osiguranje

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ШТЕДЕЊЕ: Се повеќе Македонци се одлучуваат за животно осигурување како сигурен облик на штедење

Објавено на: 31/10/2017

Животното осигурување станува се потрактивно за македонските граѓани кои се повеќе ја согледуваат корисноста на полисата за животно осигурување. Се повеќе граѓани го препознаваат животното осигурување како принуден облик на штедење кое им гарантира сигурна заштеда овозможувајќи им истовремено сигурност при можни ризици.

Овој финансиски инструмент покрај исплатата на осигурително покритие при немил настан, на своите корисници им гарантира исплата на вложените средства заедно со припишана добивка по истекот на осигурителниот период. Односно, доколку не настане осигурен случај, осигуреникот ги добива вложените средства зголемени за припишана добивка, која ја припишува осигурителната компанија.  

Првата и водечка осигурителна компанија за животно осигурување во земјава, Кроациа Осигурување – Живот, трета година по ред врши исплата на осигурени суми кон своите осигуреници кои склучиле полиса пред повеќе од 10 години. 

Имајќи го предвид самиот концепт на животно осигурување, кој подразбира поврат на  вложените средства по истекот на осигурувањето заедно со припишана добивка, во 2018 година ќе исплататиме осигурени суми за доживување кон нашите осигуреници во износ од 1,3 милион евра. Секако, наша примарна обврска е да понудиме сигурност за осигурениците при можни ризици, штедната компонента е само една дополнителна бенефиција на полисата за осигурување на живот – велат од Кроациа Осигурување – Живот АД. Скопје.

Клучна предност која ја има овој финансиски производ, а која ја препознаа македонските граѓани, е комбинацијата на штедна и осигурителна компонента. Македонците препознаа дека ова е единствениот финансиски инструмент кој овозможува долгорочно штедење со истовремено осигурување од неколку ризици (смрт, незгода и болест).