Нови можности за Вашата CROATIA картичка за лојалност

Објавено на: 28/12/2017

Кроациа Осигурување - Живот повторно ја зголеми листата на продажни места каде Вие можете да ја искористите Вашата картичка за лојалност. 

Станувајќи наш осигуреник и корисник на полиса за животно осигурување се стекнувате со право  на користење на CROATIA КАРТИЧКАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ која Ви овозможува попуст при посета на ресторани, кафулиња, салони за убавина, фитнес центри, училишта за странски јазици, продавници за детски играчки, стоматолошки ординации, парфимерии, туристички агенции итн. Кроациа Осигурување - Живот и Вашата картичка за лојалност Ви овозможуваат попуст на повеќе од  300 локации низ цела Македонија. Искористете ги овие 300 МОЖНОСТИ да заштедите за Вашата полиса за животно осигурување.   

Отсега со Вашата картичка за лојалност искористете попуст  и во:

и уште повеќе од 300 други локации низ Р. Македонија

Следете ги промените на нашата web страница и уживајте во попустите кои Ви ги овозможува Вашата картичка за лојалност.

НАПОМЕНА:  

  • Право на користење на картичката за лојалност имаат сите полнолетни Осигуреници на Кроациа Осигурување - Живот;
  • Со приложување на Вашата картичка за лојалност користите однапред дефиниран попуст на локациите објавени овде.
  • Вашата картичка за лојалност потребно е да ја приложите пред да Ви биде издадена фискалната сметка;
  • Заради потврдување на сопственоста на картичката за лојалност нашите соработници имаат право да Ви побараат приложување на лична карта на увид; 
  • Попустот не важи за производи и услуги кои се веќе на промотивен попуст кои го одобрува самата компанија.

Доколку, сеуште не сте ја добиле Вашата картичка за лојалност Ве молиме истата нарачајте ја преку Вашиот осигурителен брокер или директно на info@cro.mk.