Коко детско штедно осигурување - за среќно и безгрижно детство и уште посреќна иднина

Објавено на: 04/01/2018

Децата се најголемото богатство, а нивната среќа приоритет за секој родител. Секој родител сака на своите најмили да им обезбеди квалитетно образование, но квалитетното образование подразбира сериозна инвестиција.

Образованието и едукацијата се мост помеѓу соништата на децата и реалноста. Мост кој го поминуваме за да се оствари одговорот на прашањето „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“. 

Коко детското штедно осигурување претставува единствена можност да ги осигурате своите најмили од ризиците што ги носи детската игра и притоа да заштедите за нивната иднина.

Ексклузивноста на овој производ се состои во неговата штедна компонента. Со полисата за Коко - Детско Штедно Осигурување Вашето дете е осигурано, а воедно и штедите за неговата сигурна иднина. Сите средства кои ги вложувате на име на осигурување се повратни, дополнително зголемени за добивката која ја припишува Кроациа Осигурување – Живот АД.

ПРИДОБИВКИ:

  • Обезбедете за Вашите најмили остварување на соништата, квалитетно високо образование, олеснување на зачекорувањето во самостоен  живот;
  • Штедна компонента - Сите средства кои ги вложувате се повратни, дополнително Ви припишуваме добивка;
  • Заштитено со девизна клаузула
  • Осигурување за целото времетраење на договорот
  • Финансиски сигурна иднина за Вашите најмили
  • Сигурен облик на штедење со истовремено осигурување

КАРАКТЕРИСТИКИ:

  • Се опфаќаат деца на возраст од 1 месец до 13 години.
  • Можност за избор на динамика на плаќање: месечно, квартално, полугодишно, годишно и еднократно.
  • Можност за избор на начин на уплата: уплатница, траен налог, задршка од плата, во нашата Дирекција 

Полисата КОКО детско штедно осигурување има бројни дополнителни поволности. Една од тие бенефиции е и подарокот за завршено средно образование на детето со одличен успех. Полисата за Коко детско штедно осигурување претставува целосен пакет за осигурување на Вашето дете со истовремено долгорочно и сигурно штедење. Уплатата за оваа полиса може да изнесува и само 1.200,00 денари месечно. 

Дополнително, самата полиса претставува и потенцијален билет за патување во Дизниленд. Имено, сите деца кои во текот на годината ќе станат осигуреници на Кроациа Осигурување - Живот, стануваат учесници во наградната игра „Коко Ве води во Дизниленд“ и потенцијални добитници на наградно патување во Дизниленд. Најсреќното од нив по случаен избор се избира на крајот од годината.

Со полисата за детско штедно осигурување родителите се стекнуваат со право на користење на CROATIA КАРТИЧКАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ која овозможува попуст при посета на ресторани, кафулиња, салони за убавина, фитнес центри, училишта за странски јазици, продавници за детски играчки, стоматолошки ординации, парфимерии, туристички агенции итн. Croatia картичка за лојалност овозможуваат попуст на повеќе од  300 локации низ цела Македонија. Ова може да биде начин Вие да заштедите за полисата за Коко детско штедно осигурување.

За дополнителни информаци поврзани со понудата контактирајте со нашите телефонските оператори на телефонскиот број 071 345 746. Операторите се достапни и за Вибер комуникација.