Croatia osiguranje

Дружење со крокодилчето КОКО во Капитол Мол

Објавено на: 15/02/2018

Крокодилчето Коко, заштитниот лик на КОКО детското штедно осигурување на Кроациа Осигурување - Живот Ве повикува на едукативно дружење. Сите деца кои оваа сабота (17.02.2018) ќе дојдат во Капитол Мол во Скопје ќе можат да се фотографираат со крокодилчето Коко, а Коко ќе им подари бројни подароци. Крокодилчето Коко организира и креативно катче, каде сите деца ќе можат да ги изразат своите ликовни и творечки афинитети.

Тимот на Кроациа Осигурување - Живот ќе биде тука да ги запознае родителите со можностите за детското штедно осигурување, а во насока на нивно информирање за начините на креирање на финансиската сигурност за обезбедување на најдобра едукација на своите најмили.

Секој родител сака на своите најмили да им обезбеди квалитетно образование, но квалитетното образование подразбира сериозна инвестиција. Со склучување на КОКО - полиса на најрана возраст на Вашето дете, ги планирате Вашите заштеди обезбедувајќи финансии за квалитетно образование на Вашето дете.

Но, и тоа не е се! Дополнително изненадување е наградната игра „Најсреќно дете“. Децата кои во рамките на овој проект ќе станат наши Осигуреници стануваат потенцијален добитник на наградно патување во Дизниленд. Ве очекуваме на дружење со Коко во Капитол Мол во Скопје.