Croatia osiguranje

Годишна Лига на Прваци на Групацијата Кроациа Осигурување а.д.

Објавено на: 20/02/2019

Годишна Лига на Прваци на Групацијата Кроациа Осигурување а.д.
На ден 11.02.2019 година се одржа 4. Годишна Лига на Прваци на Групацијата Кроациа Осигурување а.д. во прочуената концертна сала „Лисински“, каде емотивно, инспиративно и моќно се обележаа најголемите успеси и достигнувања во 2018 година. 
На настанот присуствуваа сите 2200 вработени во Групацијата со седиште во Хрватска како и претставници на регионалните Друштва - ќерки од Македонија, Словенија, Босна и Херцеговина и Србија. На настанот традиционално се доделуваат награди на најдобрите вработени во продажба на сите друштва ќерки на Групацијата.

На овој настан награди понесоа и нашите вработени: Виктор Илиоски награда за „Најдобар вработен во продажба“ и Исмет Селимовски награда за „Најдобар вработен за поддршка на продажба“.

Кроација осигурување живот АД Скопје им честита за овој голем успех.

Оваа година, заедно со настанот Лига на Прваци се одржа и Конференцијата на Кроациа Осигурување, на која Управата даде осврт пред вработените за остварените резултати од работењето во 2018 година, а се презентираа и главните смерници во Планот за работа за 2019 година. 
“Со оваа конференција сакаме да ги пренесеме најважните информации и достигнувања на Компанијата во 2018 година и да го поттикнеме развојот на корпоративната култура која го поддржува водечкиот фокус на клиентот, стручност, отчетност, агилност и иновации.”