Croatia osiguranje

Кроациа осигурување - Живот АД Скопје Бенефиција плус програма: Многу среќни лица на едно место !!!

Објавено на: 11/03/2019

Минатиот петок промовиравме ново корпоративно видео пред вработените во Компанијата и ги добивме нивните позитивни емоции. Направивме убава ретроспектива на годината што измина и горди сме на постигнатиот успех во 2018 година. Изминатата година донесе многу среќа и гордост и ја испративме со аплауз.
Вработените кои најмногу придонесоа во 2018 година од настанот си заминаа со признанија и награди, а за целокупниот успех сепак е заслужен целиот тим на Друштвото.
Кроациа осигурување - Живот АД Скопје претставува топол дом за сите мотивирани, просперитетни и амбициозни потенцијални вработени.