Croatia osiguranje

Правила за учество по повод акцијата 01-ви Ноември ден на осигурувањето

Објавено на: 01/11/2019

Во рамките на месец Ноември, а по повод 01-ви Ноември ден на осигурувањето, Croatia осигурување Живот организира акција за цртање на тема “Осигурување и штедење со Коко” –маскота која е заштитен лик на Детското штедно осигурување.

Целта на овие активности е да се поттикнат дечињата да размислуваат за осигурување и штедење и да ги споделат своите идеи и креативни творби.

Акцијата на собирање на цртежите ќе трае од 01.11 до 31.11.2019 година

КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА?

Овие активности се наменети за сите дечиња осигуреници на Croatia осигурување Живот, деца кои се осигуреници по основ на производот детско штедно осигурување.

ДОСТАВУВАЊЕ НА ЦРТЕЖОТ

Цртежите може да се состават на еден од следните начини:

  • Испраќање на цртежот по маил на info@cro.mk
  • Пеку пошта на адреса: ул.Костурски Херои бр.38 1000 Скопје
  • Во експозитурата на Croatia осигурување Живот позади Универзална сала на ул.Костурски Херои бр.38 1000 Скопје

На сите творби на задната страна, треба да биде означено име и презиме, дата на раѓање, адреса на живеење и телефонски број за контакт.

За учество во акцијата која ја организира Croatia осигурување Живот за цртање на тема “Осигурување и штедење со Коко”, учесниците треба да достават писмена согласност од родител/старател која треба да вклучува:

Творбите пристигнати на еден од трите начини  ќе ги разгледа Комисијата за  избор на најкретивна творба и ќе одбере три кои ќе бидат наградени.Наградените творби ќе се објават на веб страната на Croatia осигурување Живот и на ФБ страната најдоцна до 31.12.2019 година и дополнително ќе бидат контактирани од стана на  Croatia осигурување Живот. 

Наградите ќе бидат личен бенефит за децата, затоа една од наградите е ваучер за велосипед.

 

Критериуми за избор на најкреативна творба:

  • Цртежот да е на тема “Осигурување и штедење со Коко”
  • Може  да учествуваат деца кои се осигуреници по основ на производот детско штедно осигурување
  • Задолжително да се наведени сите податоци за детето и задолжителна согласност од родител/стрател
  • Доставениот цртеж да е оргинален и да не ги крши авторските права или други права во сопственост на трети лица.
  • Цртежите кои ќе се достават по 30.11.2019 година нема да бидат дел од изборот за најкреативна творба.

Croatia осигурување Живот нема да ги земе во предвид творбите кои се со недолична, насилна, дискриминирачка содржина, и доколку доставените податоци се нецелосни и неточни и  нема согласност од родител/старател.