Croatia osiguranje

Полисата за зимско патничко осигурување

Објавено на: 25/12/2019

Зимско патничко осигурување

Незгодите се случуваат непланирано. Некојпат тие се предизвикани од надворешни влијанија, а некогаш од невнимание. Со  полисата за зимско патничко осигурување од големото портфолио на Кроација, ќе  бидете безгрижни при патување кон Вашата зимска дестинација и ќе можете да уживате во убавините во некој од зимските центри во странство.

 При склучување на полисата за патничко  осигурување, најчесто скијањето не е покриено со патничкото осигурување. Во тој момент осигуреникот е оставен без асистенција и на свој трошок да ги покрие трошоците од настанатиот несреќен случај. Обезбедуваме патничко осигурување за нашите осигуреници со кое ќе сте безбедни и на ски патеките.

 Во случај на незгода нашиот “call” центар ќе биде Ваша  асистенција и ќе се потруди да ве упати каде најлесно и најблизу да бидете згрижени, а ние ќе ги покриеме трошоците до 30.000 Евра, без обврска за Ваша наплата на лице место.

 Затоа сме поразлични, затоа сме Ваши пријатели.

 Јавете се кај нас 15 510 и дознајте за понудата за Зимско патничко осигурување!

Кроација осигурување секогаш на страната на своите осигуреници.