Croatia osiguranje

Финансиска едукација од Кроациа осигурување на Глобалната недела на парите

Објавено на: 22/03/2021

Кроациа осигурување ќе ја поддржи кампањата за “Глобална недела на парите” со бројни едукативни активности.  Како финансиско друштво, Кроација осигурување ја истакнува потребата од зголемување на финансиската писменост и едукација за менаџирање со парите и се приклучува на целите на глобалната кампања за подигање на свеста за важноста младите да се финансиски едуцирани, да стекнуваат знаења и вештини неопходни за донесување добри финансиски одлуки, во која насока е и годинешната тема на глобалната иницијатива “Грижи се за себе, грижи се за своите пари”.

 Онлајн предавањата за финансиска едукација во форма на отворен вебинар ќе го спроведат стручни лица од Кроациа осигурување Славко Саздовски Менаџер за Кроациа Академија, живот и Лидија Андонова – Едукатор во Кроација академија Неживот.

 Едукацијата на студентите од БАС на тема:Животното осигурување како финансиски иснтрумент преку Zoom платформата ќе се одржи на 24ти март, среда, а следниот ден, на 25ти март, четврток со почеток во 12 часот за сите заинтересирани идни осигуреници ќе се одржи онлајн предавањето на тема “Доборволно приватно Здраствено осигурување и детско штедно осигурување”.

 Дополнително, Кроација осигурување во текот на целата седмица ќе овозможи отворени денови за информации за осигурувањето, бесплатни пресметки за животно осигурување како и совети за ефективно менаџирање со парите. Сите заинтересирани граѓани ќе може да се јават на бесплатниот број 15-510 секој работен ден од 22ри до 26ти март од 14.00 до 16.00 часот и да ги добијат саканите информации.