Croatia osiguranje

Коко детско штедно осигурување - иднината на децата се планира од нивна најрана возраст

Објавено на: 06/12/2021

Главна грижа на родителите е да им овозможат удобен и сигурен живот на своите деца. Тие секогаш се трудат да им овозможат најдобро и да им обезбедат светла иднина. Но што ако најдоброто може да чини малку повеќе? Инвестициите и финансиското планирање на родителите треба да овозможат покритие за тоа. Вложувањето во нивната иднина е најважна инвестиција што би ја направиле во текот на животот. Како и каде правилно да инвестирате, а притоа да имате максимално сигурни придобивки за вашата инвестиција?

Животното осигурување за деца вклучува две компоненти - осигурување и штедење, така што родителите, како и потесното семејство, можат да го договорат за своите деца и внуци, за да им помогнат да ги направат првите сериозни чекори во натамошниот живот. По истекот на полисата, договорениот износ еднократно се исплаќа на детето како поддршка при плаќање школарина, купување стан, прв автомобил или, можеби, за живот во странство.

Кроациа Осигурување - Живот ви нуди безбеден начин да создадете капитал во насока на обезбедување најдобра иднина за детето. Коко детското штедно осигурување на Кроациа претставува полиса што обезбедува осигурување, а воедно и штедење за детето, план за заштеда во корист на детето, којшто обезбедува штедење, дополнително осигурување и можност за инвестирање на дел од средствата во удели на финансискиот пазар и заштита од непредвидливи животни ситуации.

Коко детското штедно осигурување, каде што детето е единствен корисник на средствата, опфаќа деца од 1 месец до 13 години, а осигурувањето може да трае најмногу до 25-годишна возраст. Постои и можност за избор на динамиката на плаќање и сумата што се уплаќа. Исто така, детето е единствен корисник на средствата и осигурувањето е временски и просторно неограничено.

Ова штедење е заштитено со девизна клаузула, детето е единствен корисник на средствата, а постои можност за договарање стипендиска рента. Како посебен бенефит кај овој вид штедење е зголемување на осигурената сума за 3% во случај на постигнат одличен успех во средното образование. И овде се нуди можност за вклучување дополнителни компоненти на осигурување. Повеќе информации за овој тип осигурување, како и барање за изготвување конкретна понуда, согласно со барањата и можностите, може да се најде на следниот линк.

Со детското штедно осигурување обезбедувате сигурна иднината на своите најмили. Затоа треба што побрзо да се склучи договор за детско штедно осигурување, за да можат да се акумулираат повеќе средства во текот на годините.