Croatia osiguranje

Новогодишни остварувања: Вашата добросостојба нека биде на врвот на приоритетната листа

Објавено на: 28/12/2021

Како што се наближува Новата година, сѐ почесто се размислува за она што сакаме да оствариме во следните 365 дена. Новогодишните остварувања често се однесуваат на целите што отсекогаш сте сакале да ги постигнете, а никако да се решите да ги направите. На врвот на приоритетната листа секогаш треба да биде вашата лична добросостојба, но и доброто на вашите најблиски. Токму поради тоа поставете си цел во Новата година да изберете осигурување на животот за себе и за своите најмили. Вашиот живот е скапоцен - осигурајте се за да ви биде удобен и сигурен.

Современиот начин на живеење секојдневно носи нови предизвици и неизвесности. Решение за овие предизвици е животното осигурување, кое во денешно време ни е потребно повеќе од кога било. Овој вид осигурување е еден од најдобрите финансиски производи и е единствен што овозможува комбинација на штедење и осигурување, а обезбедува заштита од финансиски загуби, кои можат да настанат како резултат на несакани настани.

Како лидер во сегментот на животното осигурување во земјава, компанијата Кроациа осигурување-живот го нуди производот Индивидуално животно осигурување, кое нуди комбинација на најбезбеден облик на штедење, сигурност, како и осигурување и е целосно приспособливо на индивидуалните потреби.

Овој вид животно осигурување е временски неограничено, обезбедува загарантирана исплата на средствата по истекот на договорениот рок, финансиска сигурност за вас лично и за вашето семејство, брза исплата при настанување осигурен случај или, пак, капитал за кога ќе се намалат приходите, особено по одење во пензија. Осигуреници можат да бидат лица од 14 до 65 години, а траењето на осигурувањето е од 10 до 25 години. Премијата може да се уплаќа месечно, квартално, полугодишно и годишно, минималната годишна премија е 180 евра, а се нуди и можност за договарање пензиска рента. 

Кај овој вид осигурување постои и можност за вклучување дополнителни осигурувања, како од незгода, дополнително ризикоосигурување или дополнително здравствено осигурување од тешки болести, од малигни болести или при оперативни зафати. Полисата опфаќа и осигурително покритие на ризикот од смрт на осигуреникот предизвикан од ковид-19.

Инвестирањето во овој производ е една од најмалку ризичните инвестиции. Затоа и со право се смета дека животното осигурување е мудра одлука. Да ја донесеме навреме, со цел подобро да се заштитиме себеси и нашите најблиски.