Croatia osiguranje

Кој е најдобриот подарок што можете да им го подарите на вашите деца?

Објавено на: 12/04/2022

Современиот начин на живеење постојано носи нови предизвици и неизвесности. Изминатиот период нè научи на многу нешта, ни ги предочи работите што нисе важни и нè увери дека животот треба да го планираме и да ја обезбедиме иднината. Токму затоа, мудрите луѓе знаат колку е важно да се штеди. Со штедењето инвестираме во поубава иднина и обезбедуваме финансиска сигурност за нас и за нашето семејство. Постојат различни можности за штедење, а еден од најсигурните со кој не само што се создава заштеда, туку се осигурувате од несакани последици е животното осигурување.

Ако моментите во минатото го облагородуваат животот, идните чекаат да бидат креирани, а што ќе испишете и каква приказна ќе создадете, зависи само од вас. Животот може да го збогатите со уникатни моменти и содржини што самите ќе ги креирате. Со цел повеќе да уживате во животот потребни се средства за да ги исполните сите планови и да ги создадете ексклузивните моменти. Но, и тоа е остварливо и возможно.

Без разлика дали се работи за патувања на егзотични дестинации за кои сонувате или обезбедување поквалитетна и поудобна иднина за вашите деца, сите големи планови можете да ги остварите и на тој начин да ги создадете идните скапоцени животни моменти за вас и вашите најмили. Додека размислувате со што да ги изненадите оние што најмногу ви значат во животот, можеби треба да одлучите да инвестирате во најдобриот подарок за иднината на вашите деца.

Животот можете да го осигурате само со еден потег, да штедите за идните планови и да ги оплодувате средствата. Компанијата Кроација Осигурување овозможува уникатна понуда - Ексклузив осигурување на живот, што претставува ексклузивна полиса за животно осигурување, со која освен што го осигурувате животот сега, преку штедењето и оплодувањето на средствата, добивате можност да ги создадете сите моменти кои ги посакувате и за кои мечтаете. Иднината може да испише секакви животни сценарија, но со Ексклузив полисата за животно осигурување, вие сте автор на дел од тие сценарија.

Ексклузив осигурувањето на живот претставува посебен и уникатен производ, бидејќи му овозможува повеќе придобивки на осигуреникот и поголема осигурена сума во однос на уплатената премија. Со овој тип осигурување, обезбедувате финансиска сигурност за себе и за семејството, заштедувате средства што се сигурен капитал за разните животни приоритети. Полисата е достапна за лица од 14 до 65 години и со траење на осигурувањето од 10 до 25 години, со што се овозможува создавање толку значаен и потребен капитал за сигурни и обезбедени пензионерски денови. Исто така, оваа полиса е достапна и за деца од 1 месец до 13 години. Овозможена е и еднократна уплата на премијата за целиот осигурителен период, а во спротивно минималната уплата на премија е 1000 евра за деца до 13 години и 2500 евра за осигуреници од 14 до 65 години.

Овој тип осигурување нуди можност и за вклучување на дополнителни осигурувања, меѓу кои се дополнително осигурување од незгода, дополнително здравствено осигурување од тешки болни состојби, дополнително здравствено осигурување од малигни болести, дополнително здравствено осигурување во случај на оперативни зафати и дополнително ризико-осигурување. Полисата опфаќа и осигурително покритие на ризикот од смрт на осигуреникот предизвикан од Ковид-19.