Croatia osiguranje

КРОАЦИА ГО ИЗБРА НАЈСРЕЌНИОТ ОСИГУРЕНИК ЗА МЕСЕЦ МАЈ

Објавено на: 15/06/2015

По повод 10 годишнината Кроациа Осигурување - Живот одлучи да ги награди своите лојални осигуреници и редовни плаќачи. Акцијата која Друштвото ја спроведе во текот на месец мај им овозможи на сите Осигуреници кои заклучно 31.05.2015 година ги подмирија сите доспеани рати по основ на својата полиса за животно осигурување да бидат потенцијален добитник на наградно патување. 

Најсреќниот меѓу плаќачите и лојалните осигуреници, избран преку системско извлекување со зададени критериуми за регистрирана уплата во наведениот период на сите доспеани рати, одлучивме да го наградиме со викенд за двајца во хотел со 5 ѕвезди на Халкидики - Грција со All Inclusive услуга. Во месец мај најмногу среќа имаше г-ѓа Росица Ѓ. (полиса бр: 23814)

Наградните изненадувања продолжуваат и овој месец. Со подмирување на Вашите доспеани рати заклучно до 30.06.2015 година имате можност да бидете наградени со 7 дена за двајца во VIKINGEN QUALITY RESORT 5* Аланија - Турција со Ultra All Inclusive услуга. Можност да бидат наградени имаат и сторнираните плиси кои со подмирување на доспеаните рати заклучно 30.06.2015 година ќе се водат како реактивирани.

 Повеќе информации за Акцијата за месец јуни погледнете овде. 

Ги упатуваме нашите искрени честитки до г-ѓа Росица и со нетрпение очекуваме да го наградиме најсреќниот за месец јуни.