Croatia osiguranje

Со детско штедно осигурување до Дизниленд

Објавено на: 29/09/2011

„Кроациа Осигурување – Живот“ и оваа година продолжува со проектот  „Дарувајте му на Вашето дете сигурна иднина“, кој минатата година се покажа како доста успешен. Проектот има за цел да ги опфати сите детски градинки и основни училишта во земјава и преку организирани информативни пунктови да го понудиме својот еклкузивен производ - Детско штедно осигурување. 


Информативните пунктови организирани на оригинален начин на децата ќе им понудат бесплатно фотографирање со нивните херои од Дизниленд, додека нашиот тим ги запознава нивните родители со карактеристиките и бенефитите на Детското штедно осигурување.

Преку овој проект „Кроациа Осигурување – Живот“,  ќе му понуди ексклузивна можност на  секој родител да го осигура своето дете и притоа да заштеди за неговата иднина. За секоја склучена полиса „Кроациа Осигурување – Живот“  ќе Ве награди со покривање на трошоците за едномесечен престој на Bашето дете во градинка, односно училиште.

Дополнително изненадување е наградната игра „Најсреќно дете“. Децата кои во рамките на овој проект ќе станат наши Осигуреници стануваат потенцијален добитник на наградно патување во Дизниленд.

Детското Штедно Осигурување е одличен начин доколку сакате на Вашите најмили да им обезбедите почетен капитал за остварување на животните цели (образование, сопствен стан, автомобил, патување од соништата, свадба...).
Ексклузивноста на овој производ се состои во неговата штедна компонента. Со полисата за Детско Штедно Осигурување Вашето дете е осигурано, а воедно и штедите за неговата сигурна иднина. Сите средства кои ги вложувате на име на осигурување се повратни, дополнително зголемени за добивката која ја припишува „Кроациа Осигурување – Живот“.

Со ова „Кроациа Осигурување – Живот“ уште еднаш докажува дека е компанија која знае да понуди квалитет на креативен начин.

Искористете ја оваа ексклузивна можност и посетете ги нашите информативни пунктови!