Croatia osiguranje

Кроациа Осигурување - Живот на БЕБЕ САЕМ

Објавено на: 30/04/2012

Кроациа Осигурување - Живот ќе учествува на Бебе саемот во Скопје кој ќе се одржи од 4 до 6 мај во С.Ц. Борис Трајковски.

Посетителите на нашиот штанд ќе имаат можност да ги запознаат новите карактеристики на КОКО детското штедно осигурување и неговите нови поволности. КОКО детското штедно осигурување  е можност навремено да заштедите и да им подарите сигурна иднина на Вашите најмили. 

Посетете го нашиот штанд! Другарувајте и бесплатно сликајте се со крокодилчето КОКО. Учествувајте  во наградната игра каде главна награда се ролерки, а за сите оние кои ќе станат наши осигуреници припремивме посебно изненадување – патување во Дизниленд.