Croatia osiguranje

Успешно претставување на Бебе саем за Кроациа Осигурување –Живот

Објавено на: 15/05/2012

Кроациа Осигурување - Живот како лидер на пазарот за животно осигурување, оваа година одлучи да се претстави на Бебе саем во Скопје кој се одржа во периодот од 4 до 6 мај.

Главна атракција на штандот беше крокодилчето КОКО кое е заштитен лик на детското штедно осигурување, но интересна новина која наиде на одлични реакции од страна на посетителите беше КРОАЦИА СЕМЕЈНИОТ ПАКЕТ преку кој понудивме дополнителна заштита за целото семејство.

Нашиот штанд имаше одлична посетеност. Особено задоволство кај нашиот тим претставуваа одличните реакции на посетителите што е дополнителна мотивација да понудиме поголема иновативност во нашето работење.

Крокодилчето КОКО им подари возбудливи моменти на најмалите. Ги израдува делејќи им КОКО боенки, се фотографираше со нив, ги учеше како да штедат, а на најсреќното од нив му подари убави ролерки. 

На изненадувањата им немаше крај.

За најбрзите кои веднаш ќе почнат да штедат со КОКО детското штедно осигурување следуваше награда вредносен чек од 2000 денари и учество во наградната игра „КОКО Ве води во Дизниленд“.

Сите кои го пропуштија саемот можат да ги искористат овие поволности овој месец со контактирање на нашите телефони.

Изненадувањата продолжуваат!