Croatia osiguranje

Ве повикуваме на КОКО АВАНТУРА

Објавено на: 07/06/2012

КОКО Ве повикува на незаборавна КОКО авантура!

На 09 јуни на Плоштадот Македонија (кај City Galery) со почеток од 11 часот ќе се случи највеселата забава и највозбудливата КОКО авантура. Еднаш одложената дружба КОКО повторно Ви ја закажува оваа сабота.

Заедно ќе пееме, ќе правиме магии, ќе се наградуваме и ќе поминеме незаборавни моменти кои ќе бидат исполнети со многу радост и смеа.

КОКО авантурата уште повозбудлива ќе ја направат Ивце Пивце, децата од фестивалот Поточиња, Магионичарот Гого, Ритам плус и уште многу весели дечиња...

И најважно од се, КОКО  подготвил многу ПОДАРОЦИ токму за вас!