Croatia osiguranje

Незаборавна КОКО АВАНТУРА

Објавено на: 22/06/2012

Кроациа Осигурување Живот на 9-ти јуни во центарот на Скопје, на Градскиот Плоштад,  ја организаираше најлудата, највеселата и највозбудливата КОКО авантура.

Илјадници дечиња заедно со крокодилчето Коко ги пееа најубавите песнички, правеа магии, се наградуваа, а пред се поминаа незаборавни моменти исполнети со многу радост и смеа. Дополнително за прекрасната Коко забава се грижеше незаборавниот, најинтересниот водител Ивце Пивце. Многу песнички, разиграни рачиња и весела смеа ни подарија децата од фестивалот Поточиња. 

Задолжен за магија што ги воудушеви дечињата беше магионичарот Гого. За време на целиот настан Крокодилчето КОКО делеше боенки, играше, се фотографираше со дечињата, ги учеше како да штедат.

Младиот и компетентен тим на Кроациа Осигурување – Живот за време на целиот настан со  ведра и љубезна насмевка го пречекуваа секој посетител на своите пултови. Ги информираа присутните дека компанијата се труди на најмалите д аим подари среќно и безгрижно детство и уште посреќна иднина, затоа во рамките на своето портфолио го воведе производот Коко - Детско Штедно Осигурување.

Но изненадувањата продолжија, на крајот на авантурата на Коко, крокодилчето подели уште 20 прекрасни награди, а најубава од нив беше велосипедот кој го доби Kристина Алексова.

Кроациа Осигурување – Живот од се срце им се заблагодарува на сите посетители и дополнително, ги повикува сите родители да им подарат на своите најмили сигурна иднина со Коко - Детското Штедно Осигурување.