Croatia osiguranje

Награди за амбициозните застапници

Објавено на: 19/10/2011

Амбициозноста на нашата продажна мрежа  е нашата движечка сила и она што постојано нé одржува на врвот.  Водени од помислата на кој начин да ги мотивираме, стимулираме и наградиме нашите застапници, во рамките на нашата Команија беше воведен новиот Loyality награден  програм.

Прилично зачудувачки е мотивациониот ефект кој го постигна овој награден програм.

Неговото воведување се покажа како одличен предизвик за сите  наши досегашни застапници, но и уште поголем предизвик за новите застапници. Воодушевени сме од натпреварувачкиот дух на нашите застапници и нивната мотивираност да се напредува и да се освојуваат наградите кои ги опфаќа овој награден програм. 

Наградниот програм се покажа како одличен мотив за новите застапници, кои за кратко време успеаа да преминат од прво во второ ниво и да освојат награди. Докажаа дека се доволно амбициозни за краток временски перод да остварат реализација која ќе ги однесе едно ниво повисоко во кариерниот план и притоа ќе им донесе богата награда.

Само неколку месеци како го воведовме овој награден програм, а веќе можеме да се пофалиме со  низа наградени застапници.  Доделивме бројни награди кои се дел од „Вториот- временски ограничен награден модул“ што само докажува дека наградите опфатени со овој награден програм се достижни за секој кој е доволно амбициозен.

Бидете и Вие дел од амбициозниот тим на Кроациа Осигурување – Живот АД. Започнете со градење на кариера во осигурителниот бизнис!  Овозможете си професионален развој  со флексибилно работно време, благородна заработувачка и самоограничување на приходот.

За нашите соработници овозможуваме бесплатна обука, континуирана надоградба на знаења, постојана логистичка поддршка и неверојатени награди.