Croatia osiguranje

Кроациа Осигурување - Живот на Саем на Жена 2013

Објавено на: 16/10/2013

Кроациа Осигурување – Живот со свој изложбен штанд ќе учествува и на овогодинешниот Саем на Жена кој ќе се одржи од 25 до 27 октомври на скопскиот саем.

Посетителите на нашиот штанд ќе имаат можност да добијат финансиски совети и корисни информации за животното осигурување како сигурен начин на штедење. 

Осигурувањето на живот е долгорочно решение, кое нуди комбинација на најбезбеден облик на штедење, сигурност како и осигурување, и е целосно приспособливо на индивидуалните потреби на клиентите. Она што е особено интересно кај осигурувањето на живот е тоа што сами одлучувате колку сакате да штедите, односно сами ја креирате осигурената сума.

За дамите кои размислуваат за својата кариера нудиме и можност за соработка.

Доколку уживате во комуникацијата со луѓе, отворени сте и срдечни, верувате во себе, истрајни сте и поседувате ентузијазам и посакувате да работите во една од најголемите осигурителни компании, ве повикуваме да се придружите на нашиот успешен тим. Започнете ја својата кариера во осигурителниот бизнис или овозмежете си дополнителен финансиски приход.

Дами, Ве очекуваме на нашиот штанд! Ви подготвивме и бројни изненадувања, вредносни ваучери и подароци.