Croatia osiguranje

Нови поволности за сите Осигуреници - Кроациа Осигурување - Живот во соработка со Аурора Турс

Објавено на: 25/06/2015

Лојалноста која ја добиваме од Вас, за нас претставува огромна одговорност и обврска секојдневно да го унапредуваме она што Вие го препознавте како наш најдобар квалитет. Водени од помислата дека не смееме да ја изневериме довербата која ја добиваме постојано ја збогатуваме понудата воведувајќи нови поволности и можности. 

Со особено задоволство известуваме дека Кроациа Осигурување - Живот започна соработка со ТА. Аурора Турс, со што за сите корисници на стандардната картичка за лојалност и Croatia Gold картичката за лојалност овозможивме користење на: 

- 20% попуст за индивидуални посети на Аурора Ресорт и СПА 5* ; 

- 10% попуст на пакет услуги од редовниот ценовник на Аурора Ресорт и СПА 5*;

- 4% - 5% попуст на програмите за патување на Аурора Турс (програми за зима, лето, екскурзии, групни патувања..); 

- минимум 3.100,00 денари попуст на програмите за посета на ексклузивни дестинации на Аурора Турс. 

Уживајте во поволностите кои Ви ги овозможуваат Кроациа Осигурување - Живот и Аурора Турс!