Croatia osiguranje

НАГРАДНО ПАТУВАЊЕ ВО ПАРИЗ ЗА НАЈДОБРИОТ ЗАСТАПНИК

Објавено на: 19/10/2011

Кроациа Осигурување - Живот АД и оваа година доделува наградно патување за најдобриот застапник во нашата компанија за 2011 година.  Постојано изнаоѓаме начин за да ги мотивираме и стимулираме нашите застапници, бидејќи амбициозноста на нашата продажна мрежа  е нашата движечка сила и она што постојано нé одржува на врвот.

Минатата година нашиот најуспешен застапник беше награден со патување во вечниот Рим.

Оваа година имаме нов предизвик за нашите застапници. Најдобриот од нив ќе го наградиме со патување во градот на светлината – Париз.

Предизвикот е пред Вас се уште не е доцна за натпреварување!