Croatia osiguranje

НАГРАДНО ПАТУВАЊЕ ЗА НАЈДОБРИОТ ЗАСТАПНИК

Објавено на: 13/03/2012

Кроациа Осигурување – Живот и оваа година одлучи да ги мотивира и наградува своите Застапници со незаборавни патувања.    

Во 2010 година најуспешниот застапник, беше награден со патување во вечниот Рим. Минатата година беше најуспешна за г-динот Трајче Стамков, кој ќе отпатува во градот на светлината – Париз. 

Оваа година имаме нов предизвик за нашите застапници. Најдобриот од нив ќе го наградиме со патување за двајца во магичната Барселона.

Предизвикот е пред Вас, започнете да се натпреварувате и можеби токму Вие ќе бидете следниот кој ќе отпатува во некоја од европските метрополи.

Доколку сеуште не сте наш застапник побрзајте да аплицирате или контактирајте не секој работен ден од 8 до 16 часот на тел: 3215 083.