Croatia osiguranje

НЕЗАБОРАВНО ПАТУВАЊЕ ЗА НАЈРЕДОВНИОТ ПЛАЌАЧ ЗА 2012 ГОД

Објавено на: 13/03/2012

Кроациа Осигурување - Живот АД и оваа година доделува незаборавно патување за најредовните плаќачи во нашата компанија за 2012 година.
Редовното подмирување на премијата за осигурување на живот Ве рангира во категоријата на редовен плаќач за 2012 година и Ви нуди можност да освоите незаборавно патување за две особи.


Со континуирано редовно плаќање и подмирување на Вашата достасана рата до 15.12.2012 година учествувате во наградната игра. 

Минатата година најсреќна меѓу редовните плаќачи беше г-ѓата Јулија Матиќ, која беше наградена со седумдневно патување во Банско во хотелот Кемпински. 

Оваа година Ви поставуваме нов предизвик, можност да заминете на релаксација во Сандански во луксузниот хотел „Пирин“.

За кампањата НАЈРЕДОВНИ ПЛАЌАЧИ 2012 ГОДИНА можете дополнително да се информирате секој работен ден од 8 до 16 часот на тел: 3215 083.