Croatia osiguranje

Кроациа Осигурување - Живот на лидерска позиција

Објавено на: 04/06/2012

Квалитетното и успешно работење на Кроациа Осигурување - Живот Скопје продолжи и во 2012 година, со што компанијата во првиот квартал го завзема лидерското место со вкупно 44,7% од пазарот на животно осигурување во Р.Македонија.

Наша цел е да постигнеме долгорочен одржлив развој и стабилен пораст на вкупното работење, а со тоа да станеме синоним за сигурност и квалитет за нашите клиенти. Работиме во тешко макроекономско опкружување, 2012 година навистина по многу показатели ќе биде година на пребродување за најголем дел од компаниите во реалниот сектор во македонската економија. Во такви услови, примарно е да ја задржиме адекватноста на капиталот и високата солвентност но и да ја одржиме стабилноста на портфолиото - изјави Генералниот Директор, Вилма Учета Дузлевска.

Компанијата за првите три месеци од 2012 година оствари раст на премијата од 29,26% во однос на истиот период минатата година. Бруто добивката на компанијата со состојба 31.03.2012 година изнесува 13.996.915,00 денари (227.555 евра).