Croatia osiguranje

ШТЕДЕЊЕ ВО БАНКА ИЛИ СКЛУЧУВАЊЕ НА ПОЛИСА ЗА ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ?

Објавено на: 29/10/2015

 Врз основа на желбите, цели и приоритети ги носиме сите наши одлуки, но кога истите вклучуваат и финансии, тогаш особено е значајно да направиме јасно дефинирање на желбите, можностите и приоритетите. Одвојувањето на еден мал дел од Вашиот домашен буџет денес, може да значи остварување на Вашите животни желби утре. Вашата животна цел ќе биде уште подостижна доколку си поставите временска рамка за нејзно остварување и започнете планско штедење прилагодено на Вашите можности.

Ороченито депозит во банка, или штедењето во банка е најкласичен начин на штедење. Но, во услови кога каматните стапки на штедните влогови во банките значајно се намалуваат македонските граѓани се повеќе се интересираат за други финансиски инструменти.

Анализите покажуваат дека денес се почесто македонските граѓани се одлучуваат за штедење преку животно осигурување препознавајќи го како поатрактивна, но и како поисплатлива инвестивција. Животното осигурување е единствен финансиски инструмент кој нуди двојна поволност: долгорочно штедење со истовремено осигурување.

Овој финансиски инструмент на своите корисници примарно им гарантира сигурна исплата на вложените средства заедно со припишана добивка по истекот на осигурителниот период. Односно, доколку не настане осигурен случај, осигуреникот ги добива сите средства кои ги вложил зголемени за вкалкулираната камата која е моментално  поголема од каматната стапка на девизните депозити во банките, но и зголемени за дивидендата, односно добивката која ја припишува осигурителната компанија.   

Каматните стапки за долгорочно штедење во евра во трите најголеми македонски банки во моментот се движат во интервал од 1,4% - 2%. Имајќи го во предвид концептот на животното осигурување кое подразбира поврат на вложените средства зголемени за припишана добивка по истек на Договорот за осигурување, ја направивме следната анализа: 

Вложени средства

Траење (на орочениот депозит / договорот за осигурување)

Во банка (влог + камата)

Во животно осигурување (Исплата на осигурена сума + припишана добивка по истек на Договорот за осигурување)

2.500,00 евра

5 години

2.680,00 евра

2.763,00 евра

5.000,00 евра

5 години

5.360,00 евра

5.527,00 евра

10.000 евра

5 години

10.720,00 евра

11.053,00 евра

Дополнително, предноста на животното осигурување се состои и токму во неговата двојна поволност, односно поврзаноста на штедната и осигурителната компонента. Преку овој инструмент осигуреникот обезбедува финансиска сигурност на најблиското семејство во случај на настанување на несреќен настан со фатални последици (смрт). Доколку настане некој од ризиците кои ги покрива полисата, корисникот на осигурувањето ја добива целата осигурена сума заедно со дотогаш припишаната добивка. Ниту еден друг штеден инструмент во себе не содржи ваков дуалитет. Не постои друг финансиски производ кој овозможува долгорочно и сигурно штедење, притоа покривајќи ризици од појава на болест или несреќен случај

Полисата за животното осигурување е уникатен финансиски производ кој нуди двојна поволност: истовремено осигурување и заштеда.

 

500 Евра Вложени во :

 

Животно осигурување со траење од 20 години

Орочен депозит во банка

Во случај на смрт од болест на лицето во првата година од Договорот:

исплата на 10.400 евра

500 евра

Во случај на смрт од незгода на лицето во првата година од Договорот:

исплата на 20.800 евра

500 евра

процедура за исплата:

Исплата веднаш согласно податоци наведени на полисата

Покренување на судска оставинска постапка