Croatia osiguranje

Кроациа Осигурување - Живот, прва компанија со сертификат ISO 9001:2008

Објавено на: 14/06/2013

Кроациа Осигурување - Живот АД официјално се здоби со признание и меѓународен сертификат за воспоставен систем за управување согласно стандардот за квалитет ISO 9001:2008, одобрен од страна на Lloyd’s Register Quality Assurance.

Друштвото самоиницијативно изгради систем на квалитет користејќи надворешни консултанти како модератори во процесот. После успешно спроведените процеси на имплементација на стандардот за квалитет, Кроациа Осигурување –Живот стана првата осигурителна компанија во Р. Македонија која е ISO сертифицирана. 

Кроациа Осигурување – Живот го заврши процесот на воведување на стандардот за квалитет во своето работење, што ќе придонесе за значително подобрување на ефикасноста во управувањето со внатрешните процеси, но и подобрување на квалитетот на услугите кон корисниците.

Со имплементацијата на овој стандард ќе се зголеми квалитетот и ефикасноста на услугата кон нашите корисници, ќе допринесеме за јакнење на довербата кај постоечките и потенцијални осигуреници и преку тоа значајно ќе го зголемиме задоволството од услугите кои ги нудиме.

Овој стандард е дел од ISO 9000 групата на стандарди кои се однесуваат на имплементација на најдобрите практики во управувањето со квалитет во една организација.

Како лидер на пазарот за животно осигурување должност ни е постојано да вложуваме во квалитетот на нашите производи и услуги, но и во квалитетот на нашето работење. Во секој сегмент од работењето сакаме да постигнеме задоволство кај нашите осигуреници, бидејќи сме свесни за обврските кои ги имаме како лидер во осигурувањето.

LRQA (Lloyd’s Register Quality Assurance) е дел од Lloyd’s Register Group Limited. Оваа групација постои од далечната 1760 год. во Лондон, Велика Британија. Првенствено се занимава со контрола и проверка на бродови и издавање на класи за бродови. Од 1985 година применува своја експертиза и во областа на сертификацијата на системите за управување согласно меѓународните стандарди ISO (9001, 14001, 27001, …). Lloyd’s Register Group Limited поседува ќерка фирма како сертификационо тело, LRQA (Lloyd’s Register Quality Assurance), која покрај сертификацијата согласно меѓународните стандарди, се занимава и со обуки во областа на менаџментот.

LRQA е присутен во Македонија преку своите сертифицирани клиенти, а од Јануари 2011 за свој комерцијален претставник го именува г-динот Михајло Евросимовски. 

Кратки факти за Lloyd’s Register Quality Assurance:

  • 35 бизнис канцеларии низ целиот свет
  • 30 акредитации за издавање на сертификати
  • 42.000 клиенти низ целиот свет
  • Преку 53.000 издадени сертификати
  • Клиенти во 121 држава во светот
  • 50% од најголемите компании на "Top 200 Financial Times Global Index" се сертифицирани од LRQA

“Спремни сме да им понудиме на компаниите во Македонија услуги во областа на сертификацијата согласно меѓународните ISO стандарди и воедно сакаме да го промовираме уникатниот пристап на нашата компанија, Business Assurance. Овој пристап им овозможува на компаниите да управуваат безбедно со своите системи, да ги намалат ризиците во работењето и да ги подобрат и заштитат моменталните и идните перформанси“, изјави г-динот Михајло Евросимовски – претставник на Lloyd’s Register.

“Би сакал да ја искористам можноста да се заблагодарам на нашиот клиент Кроација Осигурување – ЖИВОТ, кој одлучи да ја презентира придобивката од соработката со Lloyd’sи препознатливоста со која се здоби токму заради своето пионерство и лидерство во делот на сертификацијата на нивната специфична дејност“ – дополни г-динот Михајло Евросимовски - претставник на Lloyd’s Register.

Mihajlo Evrosimovski
Sales Representative Macedonia

LRQA Business Assurance – Improving performance, reducing risk