Croatia osiguranje

Модел за корпоративен успех: Вилма Учета Дузлевска ќе ја води Кроациа Oсигурување и во наредните 4 години!

Објавено на: 13/01/2016

Модел за корпоративен успех: Вилма Учета Дузлевска ќе ја води Кроациа Oсигурување и во наредните 4 години!

Првиот човек на Кроациа Осигурување – Живот ад Скопје, Вилма Учета Дузлевска, останува на челната позиција на Компанијата и во наредните четири години, по добиената согласност за именување од страна на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, а по предлог на акционерот на Компанијата.

Учета Дузлевска како генерален директор на  Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје ја води компанијата од јануари 2012 година, а оттогаш наваму преку постојаното воведување на иновации, нови производи согласно барањата и потребите на клиентите, како и супериорната грижа за корисниците, Кроациа се издвои како компанија која за македонските граѓани претставува синоним за сигурност и квалитет.

„Фокусот на компанијата и во следните четири години останува јакнење на стабилноста преку зголемување пред се на резервите, а потоа и на капиталот, но и нивно адекватно оплодување со цел да обезбедиме и понатаму припис на добивка за Осигурениците. Клиентите биле и секогаш ќе останат наш најбитен императив дали нашата услуга и полисата за осигурување на живот ги исполнува нивните очекувања за сигурност. Токму затоа, лидерската позиција за нас не е трка за прво место, напротив ќе се бориме и понатаму да ја задржиме, затоа што довербата на Осигурениците покажува дека компанијата е на вистинскиот пат“  изјави генералниот директор, Вилма Учета Дузлевска.

Компанијата ја завзема лидерската позиција на пазарот за животно осигурување во Р. Македонија во 2013 година. Со континуиран годишен раст на премијата преку 20%  Кроациа Осигурување прерасна во компанија лидер за продажба на полиси за осигурување на живот.

Компанијата бележи позитивен тренд на работа и ја јакне својата пазарна позиција од самото основање во 2005 година, но она што ги одбележа изминатите четири години е токму развојот на компанија која во фокусот на своето работење го има задоволството на осигурениците. 

Фокусирајќи се на задоволството на осигурениците, разбирање и исполнување на барањата на клиентите, како и подобрување на квалитетот на производите и услугите, во 2013 година Кроациа Осигурување – Живот воспостави систем за управување согласно стандардот за квалитет ISO 9001:2008, со што стана прва осигурителна компанија во Р. Македонија која поседува меѓународен сертификат за квалитет. 

Минатата година компанијата одбележа 10 години од своето основање на македонскиот пазар, но истовремено 2015 година беше и година во која компанијата ги имаше првите исплати на осигурени суми кон своите први осигуреници. Имајќи го во прeдвид самиот концепт на животното осигурување, кое подразбира повраток на сите вложени средства по истекот на осигурувањето заедно со припишана добивка која ја припишува компанијата, во 2015 година Кроациа исплати осигурени суми за доживување кон своите први осигуреници во износ над половина милион евра, што допринесе за јакнење на довербата на македонските граѓани кон брендот Кроациа, и секако зголемување на довербата кон животното осигурување.

Кроациа Осигурување – Живот е реномирана осигурителна компанија која будно ги следи и континуирано ги воведува светските трендови и новитети на финансискиот пазар. Во таа насока, во 2015 година компанијата отпочна стратешка соработка со НЛБ Тутунска Банка за развој на банкоосигурување што секако претставува револуционерен чекор за компанијата и за целиот финансиски сектор воопшто.