Croatia osiguranje

Награди за Најдобрите!

Објавено на: 26/09/2011

Во рамки на прославувањето на 5 годишнината од постоењето на Кроациа Осигурување – Живот АД, беа доделени и традиционалните награди за најдобрите во годината која изминува.


Наградени беа Најдобриот Ментор во мрежата на Кроациа Осигурување – Живот АД , Проф. Д-р. Жарко Костовски и двајца негови најдобри соработници со четиридневно патување во Рим – Италија.

Наградата најнадежен млад соработник, елегантна деловна чанта, беше доделена на Г-дин Зоран Андревски.
Исто така беа наградени дел од најквалитетните соработници Г-дин Марјан Спасовски, Г-ѓа Јулијана Костадиновска, Г-ѓа Гордана Донева, Г-ѓа Сава Димчева и Г-дин Васко Чаушевски.

Наградата за Најдобар и најредовен плаќач оваа година му беше доделена на Г-дин Драгољуб Бундалески.  Кроациа осигурување – Живот АД му доделува седумдневно патување во зимскиот рекреативен центар Банско – Бугарија.

Оние кои не се дел од наградените, им посакуваме повеќе среќа и успех во текот на идната година. На наградените им посакуваме да бидат уште поуспешни во остварување на своите професинални цели.