Полисата за Детско штедно осигурување минатата година претставуваше и потенцијален билет за патување во Дизниленд. Имено, сите деца кои во текот на минатата годината станаа осигуреници на Кроациа беа дел од акцијата „Коко Ве води во Дизниленд“. Најсреќното дете заедно со целата фамилија овој месец отпатува во Дизниленд.
Кога соништата ќе станат реалност и детските срца ќе се исполнат со радост тоа значи дека сме ја постигнале целта. Со детско штедно осигурување „Кроациа Осигурување – Живот“, нуди ексклузивна можност да го осигурате своето дете и притоа да заштедите за неговата иднина. КОКО - Детското Штедно Осигурување е одличен начин доколку сакате на Вашите најмили да им обезбедите почетен капитал за остварување на животните цели (образование, сопствен стан, автомобил, патување од соништата, свадба...)
Ексклузивноста на овој производ се состои во неговата штедна компонента. Со полисата за Детско Штедно Осигурување Вашето дете е осигурано, а воедно и штедите за неговата сигурна иднина. Подарете му сигурна иднина на Вашето дете и овозможете му полисата КОКО да стане билет кој ќе го одведе до местото каде детските фантазии стануваат реалност.
Размислувавме за животно осигурување уште од првиот момент на раѓање на нашите деца, но одлуката да направиме полиси за Детско штедно осигурување ја донесовме минатата година и навистина со издвојување на одреден месечен износ знам дека штедам за нивната иднина а истовремено и сум спокоен дека сум направил се да ги заштитам и да ги обезбедам. Дополнително сме среќни и благодарни на Кроациа што ни овозможи да бидеме дел од магичната авантура во Дизниленд, изјави таткото Митко Прнарков.
Со Коко детското штедно осигурување, соништата не остануваат само соништа - тие стануваат незаборавни денови поминати на најсреќното место на Земјата. Секој чекор од патувањето на вашето дете - од неговата прва детска насмевка до неговите смели чекори во зрелоста - е поддржан и обезбеден.Кога станува збор за иднината на вашите деца, секој сон е важен, а секој план е чекор кон нешто извонредно.
Станува збор за повеќе од само заштеди, се работи за создавање иднина исполнета со чуда, возбуда и магични моменти.