Croatia osiguranje

Кроациа Осигурување - Живот | Вашите средства вредат повеќе

Објавено на: 28/09/2011

На почетокот на 2011 година, Кроациа Осигурување – Живот АД  спроведе детална анализа и споредба на карактеристиките на производите од својата понуда во однос на конкуренцијата.

Во услови на идентична пристапна старост, износ на премија  и траење на осигурување , понудата која ја има Кроациа Осигурување – Живот АД е далеку поконкурентна, пофлексибилна и долгорочно поисплатлива.

Дел од предностите на понудата на Кроациа Осигурување – Живот АД:

  •  Повисока осигурена сума за доживување;
  •  Повисоки откупни вредности;
  •  Повисоки капитализирани вредности;
  •  Поголема флексибилност во динамика на плаќање;
  •  Пониска минимална годишна премија (180 Евра);
  •  Двојно повисока исплата на штета ( во последните 4 години, исплатени 480,000.00 Евра по основ на штети );
  •  30 % повисоки технички резерви (3,86 Милиони евра);
  •  Кроациа Премиум (производ кој опфаќа 12 ризични болести);
  •  Продолжување на осигурувањето на лицето по констатирање на една од 12-те болести;
  •  Програма за лојалност.

Вложете ги Вашите средства во компанија на која секогаш на прво место и се  клиентите.