Croatia osiguranje

Коко авантура низ Македонија

Објавено на: 12/09/2012

Малиот крокодил – КОКО, заштитниот лик на детското штедно осигурување на Кроациа Осигурување – Живот, ја започнува својата авантура низ Македонија. Во наредниот период КОКО ќе ги посети градските паркови во градовите низ Македонија.

За сите деца подготвил одлична забава и можност бесплатно да се фотографираат, а родителите бесплатно ќе ги информира со карактеристиките и бенефитите на КОКО детското штедно осигурување.

КОКО Ви нуди ексклузивна можност да го осигурате Вашето дете и притоа да заштедите за неговата иднина, За секоја склучена полиса, Коко ќе Ве награди со вредносен ваучер, кој можете да го искористите како уплата на премија за активирање на полисата.

Дојдете на незаборавно дружење со Коко и информирајте се за Коко детското штедно осигурување!

За сите дополнителни информации поврзани со овој проект или со КОКО Детското Штедно Осигурување Ве охрабруваме да не контактирате!