Croatia osiguranje

Нови осигурителни производи...

Објавено на: 23/09/2011

Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје со особено задоволство сака да Ве информира дека од 1-ви Септември , 2010 година, воведува 2(два) нови осигурителни производи:

  • Кроациа “ПРЕМИУМ“
  • Кроациа “РЕНТА“


Производите се плод на екстензивно истражување на пазарот, анализирање на потребите на осигурениците и искуството пренесено од 125 годишната работа во осигурувањето од Croatia Osiguranje d.d. - Zagreb. Новите производи се дел од понудата наменета за Физички Лица.

 Кроациа “ПРЕМИУМ“ 

Денес голем број на луѓе преживуваат критични болести (Тешко болни состојби – ТБС) кои не многу одамна биле смртоносни. Финансиските последици од преживување на ТБС можат да бидат уништувачки по животниот стандард на домаќинствата. Осигурителниот надомест на осигуреникот ќе му обезбеди неопходни парични средства за плаќање на трошоци кои не ги покриваат другите осигурувања.

ЛИСТА НА БОЛЕСТИ ОПФАТЕНИ СО “КРОАЦИА ПРЕМИУМ“:

  • Исхемична болест на срце
  • Срцев удар
  • Мозочен удар
  • Мултиплекс склероза
  • Паркинсова болест
  • Алцхајмеровата болест
  • СИДА
  • Хронично затајување на функцијата на бубрезите
  • Затајување на црн дроб
  • Анкилозантен спонделит
  • Ревматоиден артритис
  • Малигни болести (рак)


Кроациа “РЕНТА“ 

Рентното осигурување во светот има долга традиција, првенствено затоа што овозможува значајна социјална сигурност на осигуреникот и неговото семејство за иднината.

Постојните осигуреници имаат ексклузивна можност по истек на осигурувањето на живот во износ на осигурената сума зголемена за добивка во тек на траење на осигурување на живот да договори еден од облиците на Кроациа “РЕНТА“.

Потенцијалниот осигуреник има можност за избор од:

  •  Доживотна Рента

Осигурувањето со лична доживотна рента овозможува со уплата на помал износ на премија низ подолг временски период осигуреникот да оствари приход за подоцнежните години. Висината на доживотната рента ја одредува самиот договорувач, а истата зависи од  пристапната старост на договорувачот, висината на премијата која е во можност да ја плаќа и траењето.

  •  Стипендиска Рента

Наменета за потенцијални и постојни осигуреници кои се обидуваат да обезбедат квалитетна едукација на своите деца, сопствено стручно усовршување или обезбедување на постојан приход за одреден временски период. Обично исплатите на овие ренти се одредени за времетраењето на студирање на осигуреникот, од негова 18 до 24 годишна возраст. Износот на стипендиската рента зависи од желбата на договорувачот и неговите финансиски можности. Според саканиот износ на месечна рента, зависно од годините на живот на осигурениукот, траење на уплата на премија како и траење на исплата на рента, ќе се одреди колку е потребно да се плаќа премија.

Во периодот од 01.09 – 01.11.2010 ќе бидат одржани едукативни средби со сите постојни и идни соработници наменети за едукација за новите производи. Датумот и локацијата на одржување на средбите ќе бидат дополнително објавени.

Детални информации за секој од новите прозиводи ќе можете да добиете на веб страната на Кроациа Осигурување – Живот АД, како и со јавување во Дирекцијата.

Со воведувањето на новите производи Кроациа Осигурување – Живот АД целосно ја заокружува осигурителната понуда а во ист момент се прилагодува на финансиските можности на своите осигуреници  и докажува дека секогаш е во тек со светските осигурителни трендови.

Со почит,

Кроациа Осигурување – Живот АД