Croatia osiguranje

НАГРАДЕНИ НАЈСРЕЌНИТЕ ЗА 2012 ГОДИНА

Објавено на: 03/01/2013

Кроациа Осигурување – Живот АД ги награди најдобрите и најсреќните за 2012 година.

Во присуство на компетентна изборна комисија по случаен избор беа одбрани „Најредовниот плаќач за 2012 година“ и „Најсреќното дете за 2012 година“

Најсреќниот меѓу редовните плаќачи избран преку системско извлекување со зададени критериуми за континуирана редовност во плаќањето беше награден со незаборавно патување во луксузниот хотел „Пирин“ во Сандански – Р. Бугарија. Оваа година среќата му се насмевна на г-динот Дејан Бошковски.

Најсреќното дете за 2012 година кое заедно со целото семејство ќе отпатува во Дизниленд - Париз е малата Јана Локвенец.

Проектите кои Кроациа Осигурување – Живот ги спроведе оваа година наидоа на доста позитивни реакции од страна на нашите осигуреници и соработници, затоа наградувањето ќе продолжи. И следната година подготвуваме пријатни изненадувања за редовните плаќачи, успешните застапници и среќните деца.

За таа цел Ве покануваме на постојано следење на сите информации и активности на Кроациа Осигурување – Живот преку нашиот  web портал.